Советување за кариера

Советувањето за кариера е услуга која ја нудиме на:
  • Поединци,
  • Групи (како да напишете биографија и мотивационо писмо, како да са подготвите за успешно интервју за работа, како да ги подобрите комуникациските вештини, што е деловна етика, закон за работни односи и сл.),
  • скоро вработени лица,
  • компании, организации и едукативни центри (школи, универзитети и сл.).
  • Нашите GCDF сертифицирани советници за кариера можат да ги координираат центрите за развој на кариера, вршат интервуја, и развиваат и координираат стратегии за човечки ресурси. Советниците за кариера го олеснуваат пристапот до изворите на информации за пазарот на труд и се специјалисти за вработување. Општо кажано, нашите GCDF сертифицирани советници за кариера им помагаат на луѓето во остварување на личните кариерни цели преку фасцилитирање и водење.