Подобрување на организациска структура

Процедурата за проценка на постоечката организациска структура и давање решенија за нејзино подобрување опфаќа:
  • анализа на состојбата, која опфаќа анализа на зададените работни задачи на вработените и анализа на способностите на кадарот за извршителност и концентрација, како и на наклонетоста кон извршување на тимска или индивидуална работа,
  • врз основа на анализата се пристапува кон корективни акции: прераспределба на работни задачи или промена на работните места, обука на кадарот за надополнување на соодветните недостатоци, вработување нови лица и сл.